Учество во уредувањето на ИЦО – Охрид

Членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, Благој Јорданов, Иван Гушев, Валентин Јанкуловски, Владимир Ивановски и Ангелче Гушев во периодот од 3 до 5 април 2026 год. во извидничкиот центар “Охрид“ во Охрид заедно со петнаесетина други извидници од извидничките одреди од Република Македонија учествуваа во санирање на сместувачките капацитети, трпезарија, конференциската сала и кујната на ИЦО – Охрид.

Со превземените активности од страна на нашите одредски членови ја покажаа љубовта и поврзаноста со овој извиднички камп се со цел да се создадат повторно квалитетни услови за убав престој во ова извидничко летувалиште.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.