Успешно реализирани активностите од проектот „ Младински еко-етно рурален туризам“, финансиран од Европска Унија во рамките на ИПА Програма за поддршка на граѓанско општество и медиуми 2014 преку : Здружени сили за заеднички интереси кој се имплементира од ЦОСВ-Комитет на организациите за волонтерски услуги Прилеп, во партнерство со ЦГИ – Прилеп и АНТИКО – Скопје.
Проектот во целост ја исполни општата цел , зајакнување на влијанието на граѓанското општество во унапредувањето на односите во заедницата преку партиципативна демократија. Имплементацијата во Општина Чашка како селектирана општина со мултиетничка заедница допринесе во поддршка на процесот на градење на доверба во заедницата преку согледување на заедничките интереси на заедницата при тоа стимулирајќи
акции на локалните заедници за учество во процесите на донесување на одлуки на локално ниво и воедно зајакнувајќи ги капацитетите на локалните граѓански организации во анализа и застапување засновано на докази преку вмрежување на засегнатите страни.Со завршниот тродневен камп во Извиднички центар Голозинци каде учество земаа 63 млади лица од кои 35 машки и 28 женски лица. Имено активностите на проектот директно придонесе кон подигнување на свеста за стереотипите во заедницата, активности за вмрежување со посебен акцент на младите и еднаков пристап за учество во јавниот живот.
Се овозможија и мали инфраструктурни подобрувања за туристичките целни подрачја со поставување на урбана опрема , 5 клупи и 6 контејнери за цврст отпад во Горно Врановци и Горно Јаболчиште.
Проектот„ Младински еко- етно рурален туризам се имплеметираше од страна на Здружение на граѓани Еколошко друштво АМБИЕНТАЛИСТИ село Горно Јаболчиште со партнерство на Извиднички одред „ Димитар Влахов“ Велес и Младински форум Чашка.
Партнерството дава видливи резултати и можност да се придонесе кон подобрување на животот во локалната заедница. Продолжуваме да соработуваме и остваруваме заеднички активности за младите лица од Чашка и Велес.