Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во периодот од 6-8 септември 2014 година, го искористи за одбележување на неколку настани поврзани со одредот. Одредот од Велес во планинарскиот дом Папрадиште го организираше едукативниот камп “Да си подадеме рака“, а кој се реализира со поддршка во рамките на програмата на младински извиднички иницијативи на MESSENGERS OF PEACE. На овој камп учество земаа 35 извидници кои во целост се вклучија во предвидените активности. Со овој камп се одбележа и 62 годишното постоење на одредот и Денот на државноста на Република Македонија. Старешинството на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес изразува голема Благодарност и до Старешинството на Сојуз на извидници на Македонија што не удосои и не посети нас Велешките извидници во планинарскио дома Папрадиште, а воедно и одржа и своја редовна седница на која што се разговараше за понатамошните активности на СИМ.
Повеќе фотографиии од целокупните активности на следниот линк:
https://www.facebook.com/izvidnicki.dimitarvlahov/media_set?set=a.562573480535283.1073741834.100003479079783&type=3