Сојуз на извидници на Македонија организираше тренинг во период од 08-10 Ноември 2019 година во извидничкиот Центар Охрид на тема “Тренинг за брендинг и комуникација“кој е дел од проектот за младинско изразување “Из Види“ и е поддржан од
Европската Унија и Младински образовен форум (МОФ).
Од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес учество зема Александар Перковски.Тренингот им овозможи на учесниците да се стекнат со нови вештини и знаења за имплементирање на
општински иницијативи и воспоставување дијалог со локалните општини и како да се промовираат на социјалните мрежи и медиумите. На тренингот беа организирани работилници и предавања во областите на дизајн, маркетинг, брендинг и социјални медиуми. Супер продуктивни и креативни три дена, кои се надеваме дека ќе покажат резултати во блиска иднина!