Среќна нова 2018 и весели Божикни празници

srekjna-nova

Почитувани,
годината 2017 која што заминува беше година во која што нашиот одред “Димитар Влахов“ како најстара млдинска органзација во Република Македонија. Во оваа 2017 ги организиравме XXXII  Средби на извидници Велес 2017, повторно четири дена пловевме со Вардарската рега “Гемиџии“, учествувавме на извидничката лига на СИМ во рамките на одредските натпревари каде што бевме први, втори, трети … (Скопје, Кичево, Китка, Прилеп, Св. Николе), учествувавме на Европскиот европскиот семинар за волонтери во Барселона, учествуваме и на уште многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование на младите. Организиравме отворен ден со извидниците во Велес – Извидничкио караван, земавме учество на акцијата Средбата на Брѓани на поранешна ЈУ во Шибеник, Водице – Хрватска. Учествуваме на Меморија “Чика Драги во Ниш во организација на нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“, а бевме и на ИПО “Лола“ во Ниша. Го организиравме четвртиот Куп на извидничко пријателство каде што учество земаа извидници од поранешна ЈУ.  Покрај вардарското пловење земавме повторно учество и на Савската регата во Шабац. Учествуваме на обука за волонтерско работење и граење на капацитете за младински активности, учествувавме на Младинската академија во организација на СИМ , го средивме извидничкиот центар “Голозинци“ реализирајќи активности со Националниот Млаински совет на Македонија – “Мрдни со прст. Оваа 2017 за прв пат започнавме да славиме одредска слава и тоа “Св. Кирил и Методиј“. Помагавме на локалната заедница во Општина Велес и Општина Чашка и тоа: пошумувавме за време на Ден на дрвото. Го организиравме младински  кампови во рамките на проектините активности со Цивика Мобилитас и АИРЕ – Вардар Леадер , информиравме, позитивно критикувавме… волонтиравме и го поддржувавме волонтерското работење . И на крај мораме да споменеме дека во оваа 2017 година засекогаш не напуштија нашата тетка Живка Илиевска и нашиот Боре Цимерот кои се дел од легендите на извидничкото движење во Велес. Во годината која што доага е дел од седмата деценија од постоењето на извиднички одред “Димитар Влахов“…, влегуваме во прославата по повод 65 години извидништво во Велес. А во новата 2018 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување и образование на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и максимално добрата соработка со нашиот одред. Покрај ова сакам да се заблагодарам на Градоначалникот и на Советот на Општина Велес и сите институции кои безрезервно ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои беа реализирани од наша страна.
И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници. Нека ни е честита Новата 2018 година. Да живее ВЕЛЕС, да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА да живее ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД “ДИМИТАР ВЛАХОВ“.

Старешина на ИО “Димитар Влахов“
м-р Ангелче Гушев

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.