Почитувани,
годината 2016 која што заминува беше година во која што нашиот одред “Димитар Влахов“ како најстара млдинска органзација во Република Македонија, на свет донесе уште две пишани извиднички дела и тоа: “101 Идеја за Логорување“ и “Тајните на рачната бусола М-53“, првата напишана од Влатко Влахчев , а втората од Бојан Миклош. Во оваа 2016 ги организиравме XXX и XXXI Средби на извидници Велес 2016, повторно четири дена пловевме со Вардарската рега “Гемиџии“, учествувавме на голем број на одредски натпревари каде што бевме први, втори, трети … (Скопје, Кичево, Градовци), учествувавме на Европскиот симпозиум, учествуваме и на уште многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование на младите. Организиравме отворен ден со извидниците во Велес – Извидничкио караван, земавме учество на акцијата Средбата на Брѓани на поранешна ЈУ во Охрид. Ги продолживме активности со Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија и тоа активности во рамките на проктот за расчистување, уредување, бележање, маркирање, поставување на инфо рабли, мапи и патокази на рекреативни, пешачки и планинарски патеки во Р. Македонија ја формиравме планинарската патека “Нова Македнија“ на релација Голозинци – Лисиче – Горно Врановци и уште пет патеки во реонот на Мокрени. Учествуваме на 41 Меморија “Чика Драги во Ниш во организација на нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“ и на вториот Куп на извидничко пријателство каде што бевме трети на ниво на поранешна ЈУ. Тука беа и Летните извиднички игри Голозинци 2016. Покрај вардарското пловење земавме повторно учество и на Савската регата во Шабац. Учествуваме на обука за волонтерско работење и граење на капацитете за младински активности , снимавме за МТВ со Илина Арсова во рамките на емисијата “Ја сакам Македонија“,
Помагавме на локалната заедница во Општина Велес и Општина Чашка и тоа: пошумувавме за време на Ден на дрвото. Го организиравме младинскиот камп “Младите и општеството“ , информиравме, позитивно критикувавме… волонтиравме и го поддржувавме волонтерското работење . И на крај мораме да споменеме дека во оваа 2016 година засекогаш не напушти и еден од легендите на извидничкото движење во Велес, нашиот драг извидник Кочо Јовано … чичко Кочо. Во годината која што доага е дел од седмата деценија од постоењето на извиднички одред “Димитар Влахов“…, влегуваме во прославата по повод 65 години извидништво во Велес. А во новата 2017 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување и образование на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет, каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги обединува млади луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.
Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и максимално добрата соработка со нашиот одред. Покрај ова сакам да се заблагодарам на Градоначалникот и на Советот на Општина Велес и сите институции кои безрезервно ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои беа реализирани од наша страна.
И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници.
Нека ни е честита Новата 2017 година. Да живее ВЕЛЕС, да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА да живее ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД “ДИМИТАР ВЛАХОВ“.
Старешина на ИО “Димитар Влахов“
м-р Ангелче Гушев