Среќна Нова 2015 и весели Божикни празници

o-NEW-YEAR-2015-facebookПочитувани,
годината која што заминува беше година во која што нашиот одред “Димитар Влахов“ како најстара млдинска органзација во Република Македонија, учествуваме на Смотрата на  на извидници во Бела Црква – Република Србија и Националната смотра на Бугарските извидници во Плевен. Во оваа 2014 година бевме домаќини на највисокото државно извидничко натпреварување ДИОН 2014 во Голозинци , повторно четири дена пловевме со Вардарската рега “Гемиџии“,   учествувавме на  голем број на одредски натпревари каде  што бевме први, втори, трети … , купивме нова камперска опрема и уште еден нов гумен чамец со заштитни елеци,  учествуваме и на  уште многу други активности кои што се во рамките на неформалното образование  на младите. Организиравме отворен ден со извидниците во Велес, земавме учество на акцијата Средбата на Брѓани на поранешна ЈУ во Жабљак – Република Црна гора. Започнавме активности со Агенција за  промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија и тоа активности во рамките на проктот за расчистување, уредување, бележање, маркирање,  поставување на инфо рабли, мапи и патокази на  рекреативни, пешачки и планинарски патеки во Р. Македонија ја формиравме планинарската патека “Нова  Македнија“ на релација Голозинци – Лисиче – Горно Врановци и уште пет патеки во реонот на Мокрени. Нашите  извидници имаа директна средба со Претседателот на Република Македонија, г-дин Ѓорге Иванов.  Работејќи на мегуетничката толеранција го организиравме едукативниот камп “Да си подадеме рака“. Го ставивме повторно во функација извидничкиот центар Голозинци, направивме нов санитарен објект. Во 2014 во рамките на прославата на  Светскиот ден на скаутизмот ја промовираме првата одредска извидничка химна во Македонија –“ Над Велес знаме се вее“.

Помагавме на локалната заедница во Општина Велес и Општина Чашка и тоа: пошумувавме за време на Ден на дрвото, учествуваме во засадувањето на 3500 рози,  помагнавме во поплавените подрачја во Србија со наши  одредски членови како и со храна, работевме, информиравме,  позитивно критикувавме… работевме на промоција на туристичкиот потенцијал на Вардарскиот плански регион… волонтиравме и го поддржувавме волонтерското . Положивме цвеќе на гробот на Панко Брашнар во Загреб, на Мирогој. За жал во оваа 2014 година, од овој земски живот  за секогаш не напуштија  нашите добри извидници, луге кои значеа  многу за извидничката организација во Велес и Македонија ,  Илија Чадиев  – Чади  и Надица Чугунцалиева.
Во годината која што доага е дел од  седмата деценија од постоењето на извиднички одред “Димитар Влахов“…  А во новата 2015 година повторно ќе останеме на определбата за воспитување  и образование на младите од Велес преку реализирањето на нашата одредска  програма и младинската програма на СИМ се со цел да придонесеме во  образованието на младите луѓе низ систем на вредности засновани врз  Извидничкиот Завет и Закони, да помогне во изградба на подобар свет,  каде што луѓето се самоисполнети како индивидуи и имаат конструктивна  улога во општеството. Ке продолжиме со активности кои што извидништвото го  прават современо, атрактивно и самоодржливо кое ќе ги  обединува млади  луѓе преку неговите привлечни и динамични работни активности.

Сакам да се заблагодарам на сите извиднички одреди за коректната и  максимално добрата соработка со нашиот одред. Покрај ова сакам да се заблагодарам на Градоначалникот и на Советот на Општина Велес и сите институции кои безрезервно  ни дадоа поддршка во реализацијата на сите програмски активности кои  беа реализирани од наша страна.

И за крај, старешинството и советот на водачи на извидничкиот одред  “Димитар Влахов“ од Велес на сите членови на извидничката организација  во Македонија, на сите родители, на сите пријатели и поддржувачи на  извидничкото движење, им ги честита Божикните и Новогодишните празници.

Нека ни е честита Новата 2015 година. Да живее ВЕЛЕС, да живее РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА да живее  ИЗВИДНИЧКИ ОДРЕД “ДИМИТАР ВЛАХОВ“.

Старешина на ИО “Димитар Влахов“
м-р Ангелче Гушев

 

 

 

 

 

 

 

 

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.