Во рамките на прославата на 70 години на СИМ, на 02.11.2023 во седиштето на СИМ во Скопје, се одржа средба на поранешните старешини и генерални секретари на СИМ. На оваа средба се разговараше за историјата на СИМ низ сите овие години, да се потсетиме на некои заеднички успеси, да исто така би сакале и да поразаговараме за тоа каде го гледате СИМ во годините пред нас.
Заедничката констатација на учесниците е дека Извидниците се единствената младинска организација, која е секогаш посветена на младите и децата, затоа е и одржлива организација, која е препознатлива од сите во државата и светот. Извидниците и по 70 години е младинска организација која ги мобилизира младите преку програмските цели, кои се креирани според нивните потреби.
На оваа средба учество земаа и членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, Димче Велев како поранешен старешина на СИМ и Јордан Бајрактаров како сегашеб генерален секретар на СИМ.