Старешинството на Сојузот на извидници на Македонија, на 12.10.2008 (недела) во Скопје ја одржа својата редовна седница со следниот дневен ред:
1. Извиднички центар Охрид
2. 10 Смотра на Сојуз на Извидници на Македонија
3. РИОН 2008
4. Биро на Сојуз на Извидници на Македонија
5. Собрание на СИМ
6. Разно
По првата точка директорот на ИЦО, го запозна старешинството со работата на центарот за летната сезона 2008 и во иметао на управниот одбор на центарот побара дозвола за надворешни вложувања кое што од страна на старешинството беше одобрено.
По втората точка Началникот на 10 Смотра на СИМ го запозна старешинството со целокупните настани на 10 Смотра на СИМ, но сепак целосното усвојување на текстуалниот и финансискиот извештај беше одложено за наредната седница.
По третата точка беше договорено да овогодишниот РИОН се организира во Крива Паланка, а организатор да биде одредот Наум Наумовски – Борче и тоа во периодот од 24-26 октомври .
По четвртата точка, Началникот на Бирото на СИМ, Христијан Мирчевски си поднесе оставка со што целосното Бирото на СИМ е во оставка.
По петата точка беше договорено да Собрание на СИМ се одржи во првата половина на декември
По шестата точка Никола Здравевски си поднесе оставка од позицијата генерал секретар на СИМ. За функции Началник на СИМ и Генерален секретар на СИМ ќе биде распишан конкурс.