– Отворање на редовното собрание на СИМ
Воведен збор имаше старешината на СИМ Боге Спасеновски
1. Избор на работни тела на Собранието
3. Извештај за работа на Сојуз на Извидниците на Македонија за периодот 2006/2007
– Финансиски извештај за работа на Сојузот за 2006 година
– Извештај од надзорниот одбор на СИМ
– Дискусија по материјалите
– Гласање по извештаите на телата на СИМ
По оваа точка се повторно се разви дискусија за неработењето на Бирото на СИМ, а воедно беа напоменати и голем број на достигнувања на Сојуз на извидници на Македонија во изминатиот период, како што е 21 Светско Џамбори во Лондон, активирањето на новите одреди во РМ добра медиумска претставеност на СИМ и др.
4. Смотра 2008
По оваа точка презентација на досегашните активности изврши Началникот на 10 Смотра на СИМ, Ангелче Гушев кој го запозна Собранието за она што е сторено до сега, а се однесуваше на: избор на штаб на Смотрата, избор на терен на реализација на 10 Смотра на СИМ, изработка на постер, лого, веб сајтот www.smotra.org.mk, технички секретар на смотра.
Покрај ова Собранието беше запознато за Генералниот покровител на Смотрата, претседателот на Собрание на РМ , г-дин Љубиша Георгиевски, Агенција за млади и спорт и спонзорството Министерството за економија.
5. Стратегија на Сојуз на извидници на Македонија
За сите досега реализирани активности од Стратегијата за развој, Собранието на СИМ го запозна Маја Марковска која што истакна дека деловите од стратегијата кои се наменети за развој на обуката и програмата, дека истите не се исполнети поради немање на комесари во Бирото на СИМ.
Во името на Старешинството, Марковска побара и мало одложување на активностите од Стратегијата (за шест месеци) поради тоа што главните носители на Стратегијата се зафатени со организиаија на 10 Смотра на СИМ.