Остварувајќи ја својата програма за работа Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше XXXVII Средби на извидници Голозинци 2023, кој се одржаа во периодот од 8 до 10.09.2023 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село. На средбите учество земаа повеќе од 120 извидници од Република Македонија (Скопје, Прилеп, Штип, Св.Николе, Битола) и Република Србија (Ниш).
Средбите на извидници беа програмски организирани во насока на живот во природа, неформално образование, ориентација и топографија во непознат терен, прва помош и исхрана во природа. Овие средби извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја заокружи прославата по повод 70 години извиднички одред “Димитар Влахов“ и прослава по повод денот на Државноста на Република Македонија.
Овие средби беа отворени од Градоначалникот на Општина Чашка, г-дин Горан Стојановски, човекот кој што во последните шест години во целост дава поддршка на работата на одредот и работењето на ИЦ “Голозинци“.
По завршувањето на XXXVII Средби на извидници беа постигнати следните резултати и тоа во категоријата на истражувачи и ровери првото и второт место го освоија патролите на ИО “Мија Станимировиќ“ од Ниш Република Србија и третото место патролата на ИО “ММ – Брицо “ од Скопје.
Додека пак во категоријата на извидници прво место патролата на ИПО “Сидро“ од Скопје, а второто и третото место им припадна на патролите на ИО “Гоце Делчев“ од Св. Николе.
Покрај ова беа додели и пакет на извидничка литература за најдобро изработените материјали кроки, извештај на дел од помината патека, итенерер на минско поле, скица не дел од помината патека и скица на контролна точка .