Реализирани XXXVI Средби на извидници – Голозинци 2022

Остварувајќи ја својата програма за работа Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ги организираше XXXVI Средби на извидници Голозинци 2022, кој  се одржаа во периодот од 9 до 11.09.2022 год. во извидничкиот центар Голозинци во истоименото село. На средбите учество земаа повеќе од 150 извидници од Република Македонија (Скопје, Прилеп, Штип, Кичево, Куманово, Виница, Кочани, Битола) и Република Србија (Ниш).

Средбите на извидници беа програмски организирани во насока на живот во природа, неформално образование, ориентација и топографија во непознат терен, прва помош и исхрана во природа. Со овие средби извидничкиот одред “Димитар Влахов“ ја  започна прославата по повод 100 години скаутизам во Велес 1922 – 2022, 70 години извиднички одред “Димитар Влахов“ и прослава по повод денот на Државноста на Република Македонија.

По завршувањето на XXXVI Средби на извидници беа постигнати следните резултати и тоа во категоријата на истражувачи и ровери првото место го освои патролата на ИО “Скаут“ од Куманово, второ место патролата на ИО “Мија Станимировиќ“ од Ниш Република Србија и третото место патролата на ИО “Еквинокс“ од Штип

Патролата “Архитекти“ на ИО Скаут Куманово
Патролата “Индијанци“ на ИО Мија Станимировиќ – Ниш Република Србија
Патролата “Колци“ на ИО Еквинокс Штип

Додека пак во категоријата на извидници прво место патролата на ИПО “Сидро“ од Скопје, второт место патролата на Првиот скопски извиднички одред и третото место патролата на ИО “Еквинокс“ од Штип

Патролата “Пензионери“ на ИПО Сидро – Скопје
Патролата 1 + 3 гратис од Прв скопски извиднички одред
Патролата “Ацетони“ на ИО Еквинокс Штип

Покрај ова беа додели и пакет на извидничка литература за најдобро изработените материјали кроки, извештај на дел од помината патека, итенерер на минско поле, скица не дел од помината патека и скица на контролна точка .

Младински центар Велес

На крајот сакаме да нагласиме дека сите учесници на XXXVI Средби на извидници од извидничките одреди ширум Република Македонија и Република Србија имаа можност да се дружат во Младинскиот центар во Велес, да се запознаат меѓу себе и да изработат знак со еко порака. При пристигнувањето учесниците беа запознаени со тоа што е Младински центар, како тој работи, но и кои се можностите што ги нуди центарот.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.