Членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес и на здружението Вардарска регата “Гемиџии“ , на барање на Градоначалникот на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев на 1.6.2015 год. (понеделник) извршија чистење на главните носачи на мостот “Гемиџии“ во центарот на Велес. Чистењето се однесуваше на одстранување на наносите од дрва и смет кои беа наталожени со зголемување на водостојот на реката Вардар во изминатиот периодот. Со овој зафат се овозможи зголемување на безбедноста на мостот “Гемиџии“ во центарот на градот. Во оваа еколошка акција која се реализираше од копно и од вода во целост се користеше опремата со која што располага единствениот градскиот извиднички одред. И со оваа акција извидниците од Велес докажаа дека секогаш се во служба на граѓаните на град Велес со своето членство и опрема.