Работна средба со Амбасадорот на ЕУ г-дин Ерван Фуере

На 23 април 2008 год. (среда), на покана на Градоначалникот на општина Чашка, г-дин Стојан Маневски, преставник на извидничкиот одред “Димитар Влахов“  беше поканет на работен ручек со г-дин Ерван Фуере во село Нежилово.

Извидничкиот одред Димитар Влахов од Велес беше преставуван од страна на Ангелче Гушев, заедно со уште неколкумина преставници на НВО секторот – Фондација “Фокус“, ДЕМ, ПД “Солунска глава“ и ЗГ “Галеби“.  Покрај преставниците на НВО секторот кои делува на територијата на општина Чашка, беа поканети и преставници од бизнис секторот.
Г-дин Ерван Фуере беше запознат со целокупните активности на НВО секторот и бизнис секторот на територија на општина Чашка.

 

Воедно сакаме да се заблагодариме на целокупниот тим на општина Чашка за поканата на овој работен ручек.

 

 

 

  

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.