Во соработка со Општина Велес и по укажувањата на кризниот штаб, извидниците на градскиот извиднички одред “Димитар Влахов“- Велес на 30.1.2015 год. (петок), ја обезбедија критична точка по потечението на реката Вардар низводно од десната страна и тоа кај Детската градинка во месност Дворови, обезбедувајќи го Домот на НВОи од Велес и месното население во овој дел покрај Вардар. Воедно и двата гумени чамци и целокупната опрема за на вода извидничкиот одред “Димитар Влахов“, заедно со Вардарска регата “Гемиџии“ со две посади од 10 луге се подготвени за дејствување на вода доколку има потреба од надојдените води на реката Вардар.