Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, во рамките на прославата по повод 22 февруари Светскиот ден на скаутизмот го промовираше новиот прирачник “101 идеја за логорување“, создаден од нашиот долгогодишен член Влатко Влахчев. Промоцијата на прирачникот се одржи на 22.2.2016 год. (понеделник) во Ликовниот салон во Велес. Во програмскиот дел на промоцијата за логорувањето како институција од социолошка гледна точка, зборуваше виктор Крстевски од Командата за обука и доктрини при АРМ. За делото на Баден Пауел зборуваше Бојан Миклош , а на крај збор зеде и Влатко Влахчев кои во целост ја образложи дејата за создавањето на прирачникот.
Зад работата на извиднички одред “Диитар Влахов“ – Велес во изминатата 2015 година застанаа голем број на институции и поединци кои безрезерно дадоа поддршка во работата на одредот. На овој најголем празник на извидниците во светот оваа прослава да ја искористивме да им оддадеме и голема благодарност на следните институции и поединци кои врз основа на член 9 од Правилникот за признанија и награди на извиднички одред “Димитар Влахов” за успешна соработка, поддршка и помош во развојот и унапредувањето на одредот со БЛАГОДАРНИЦА на одредот ги наградивме:
1.Градоначалник на Општина Велес, г-дин Славчо Чадиев
2.Општина Велес
3.Општина Чашка
4.Генерален секретаријат на Владата на РМ, одделение за поддршка на НВОи
5.Сојуз на извидници на Македонија
6.Здружението Вардарска регата Гемиџии
7.Виктор Крстев, преставник на АРМ од Командата за обука и доктрини
8.Тања Божинова
9. совет на млади на Општина Велес
На промоцијата учество земаа голем број на членови на одредот, извидници ветерани но и гости од извидничките одреди “јадран“ од Скопје и “Скаут“ од Куманово. На промоцијата учество зема и старешината на СИМ Огнен Стефановски. Со промовирањето на овој прирачник извидничкиот одред “Димитар Влахов“ -Велес останува водечки одред во Република Македонија кои создава литература од која што членството во Сојуз на извиднидници на Македонија многу подбро се едуцира за практикувањето на извидништвото во Велес и Македонија, а со тоа истото се подигнува на многу високо ниво.