Продолжува учеството на наставениот час по предметот ИЗВИДНИШТВО

На 3.4.2026 год. (петок) членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес повторно земаа учество на часовите по предметот “Извидништво“ во ООУ „Св. Кирил и Методиј“ кај наставникот Илчо Стојановски. Тие помогнаа во реализација на настваната програма по предметот и учествуваа во обуката на учениците во делот на првата помош, односно фрактури на екстремитетите и скочниот зглоб.

Учениците имаа можност да видат како нашите членови го користат нивното знаење во областа на првата помош, кој го користат на регионални и меѓународни акции и активности. Исто така покрај вежбите за прва помош при фрактура,  учениците ги презентираа нивните презентации за прва помош, каде нашите членови им помогнаа подобро да го разработат материјалот.

На овие часеви учествуваа нашите членови Вања Андова, Катерина Гушева, Анастасија Давчева и нашиот началник Иван Гушев.

Сакаме да се заблагодариме на ООУ “Св. Кирил и Методиј“ и на наставникот Илчо Стојановски со кој продолжуваме на нашата соработка при совладување на наставната програма за предметот Извидништво  и долгогодишната успешна соработка со извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.