Продолжување на старата извидничка традиција и соработка

На 4.4.2021 во Кавадарци се одржа средба со која ќе се продолжи старата традиција на соработка помегу Велес и Кавадарци и тоа на извиднички план помеѓу ИО “Димитар Влахов“ и наследникот на стариот извиднички одред “Страшо Пинџур“ од Кавадарци, извидничкиот одред “Страшо Пинџур – Соколи“. На оваа средба се разговараше за понатамошното работење на одредот од Кавадарци, неговата поставеност и наши заеднички активности.

Иницијативниот одбор или работното претседателство на ИО “Страшо Пинџур – Соколи“ е составен од следните членови и области кои ке ги покриваат во рамките на програмското работење на одредот од Кавадарци и тоа: Диме Коцевски (култура и традиција), Емилија Василева – Ивановска (заштита и грижа на животните), Дарко Најдов (жаштита на природата), Борче Гелов (спорт и рекреација) и Милена Соколова (училишна едкација).

Делегацијата од ИО “Димитар Влахов“ од Велес во состав Ангелче Гушев, Благој Ѓорчевски и Жаклина Гушева на иницијативниот одбор преставуван од Крсте Соколов им подари и литература која што ја има издадено нашиот одред и тоа “Водач на патрола“, “Ориентација во природа“, “101 Идеја за Логорување“ , “Бусола М-53“, “Предлог проект“, голем број на упатства за реализација на младински активности (хендаути), “Патролен дневник“ и Мултимедијални извиднички снимки и сл.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.