Старешинството на извиднички одред “Димитар Влахов“ заедно со организациониот одбор
на прославата по повод 70 години на одредот, ја утврдија генералната рамка за прославата и официјалниот амблем на прославата.Период од 24 до 26 март 2023 ќе ги содржи дел од следните активности.
Свечената седница ќе се држи на 25.3.2023 год. (сабота), но покрај тоа планирани се и следните активности:
-Трибина на тема: “Улогата на извидничкото движење во креирањето на младите лидери“
-Крводарителска акција
-Јубилеен планинарски марш
-Пошумување
-Ликовен и поетски конкурс во училиштата