На 17.1.2024 год. (среда) во зградата на Концертната сала на Филхармонијата на Северна Македонија се одржа Саем за граѓанско општество на 49 успешни иницијативи спроведени во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ.
Отворање на Самот и конференцијата ја отвори Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Република Северна Македонија кој во целост го истакна позитивното влијание од реализацијата на програмата и развојот на граѓанските организации кои директно се вклучени во истата
Присутните на овој настан ги поздрави и Методија Димовски, генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија кој воедно истакна дека вложувањето во граѓанскиот сектор е од големо значење, затоа што тие се коректор на јавната власт.
Резултатите од Механизмот за граѓанска отпорност на ЕУ – CRM ги презентацираше Марјана Манева која што воедно е и CRM координатор.
На крајот во името на сите учесници во оваа програма своите активности ги презентираа Ирина Поцкова, Граѓанска иницијатива на жени ГИЖ Свети Николе, Мартин Мојсоски, Спортско здружение ИТК Македонија и Милка Докузова, Залутани без граници
На овој саем сите организации се претставија со свои штандови каде што беа изложени сите производи од реализацијата на сопствените проекти. Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес беа претставени од м-р Ангелче и Жаклина Гушеви.