На 27.5.2024 год. (понеделник), во рамките на утринската програма на МРТ, старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, имаше директно вклучување во програмата на МРТ, а поврзано со XXIV Вардарска регата. Во разговорот беше образложена програмата на Вардарската регата од самиот почеток од Велес преку полигонот Криволак , па престојот во Демир капија, па префрлањето на територија на Република Грција, сместувањето во Евзони, пловењето кон Поликастро и доаѓање до Акропотамос како втор базен логор во Грција и поаѓање кон вливот на Вардар и пловењето по делтата на Вардар и излез на отворено море во Солун. Регата ќе се реализира од 20 до 26 јуни 2024 год. Во рамките на разговорот беа повикани и приватниот и државниот бизнис сектор за помош за реалзирање на регата.