Од неодамна RYCO ја лансираше младинската платформа „Хајде!“ (www.hajde.media) , преку која сака да ви ги претстави младите од Западен Балкан. Хајде ! платформата беше официјално пуштена на 8 декември, за време на регионалниот Министерски состанок за млади и образование во Тирана. Платформата е развиена врз основа на придонесот на повеќе од 1500 млади кои дадоа важни размислувања за тоа што им треба на младите. Овој нов дигитален медиум и како платформата е дизајнирана да обезбеди дневна промоција на регионалните младински соработки, младински искуства, можности и споделување на позитивни приказни. Целта на RYCO е да ги инспирира младите луѓе да ги искористат можностите и воедно да ги прифатат.
На платформата Хајде ! на 28 декември 2021 год. (вторник) се организираше Новогодишна средба за млади лидери од Западен Балкан. На платформата Хајде ! беа преставени сите активности кои беа направени низ целиот регион во изминатите години. Од оваа платформа се прави обид на повторно поврзување на луѓето од Западен Балкан и споделување на искуства, размислувања, знаења, развој на младински врски и соработка. Од Сараево, како централна локација, настанот беше поврзан со Белград, Скопје, Подгорица, Приштина и Тирана.
На оваа платформа на 8 декември 2021 год. (вторник) учество зема и старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес , м-р Ангелче Гушев. Средбата се одржа преку ЗУМ платформата.