Почит за славните Гемиџии

Kire_martin1Се арчиме за Македонија“, со оваа мисла пред 112 години Гемиџиите ги дале своите животи за татковината. Денеска се одбележува годишнината од Солунските  атентати реализирани во 1903-та година.  Со делата што ги  оставија зад себе и херојскиот подвиг да се жртвуваат за слободата на Македонија, Гемиџиите, се пример за сите Македонци. Нивната порака „Се арчиме за Македонија“ и атентатите во Солун, во кои никој друг граѓанин не загина,а оштетени беа Отоманската банка, брод, летниот театар,  два хотели, гасоводната и водоводната  инсталација како и  обид за атентат над солунскиот валија го свртеа вниманието  на Европа за македонското прашање. Гемиџиите со своето дело  оставија голем аманет на генерациите кои доаѓаат по нив за да ја продолжат борбата против многу бројните поробувачи на  Македонија кои се менуваа по пропаста на Отоманската империја.  Борбата на Гемиџиите и генерациите кои доаѓаа по нив резултираше  со создавање на денешна Република Македонија Сто и дванаесетата  годишнина од херојскиот подвиг на групата млади Анархисти,  сите Македонци и најголем дел од нив велешани,  нивните сограѓани ја одбележаа пред споменикот  подигнат во нивна чест во Велес. На 29.4.2014 год,  (среда) на култното место Мало мовче во Велес делегации на  Општина Велес, на политички партии,  институции,  граѓански здруженија положија свежо цвеќе.  Потоа беше посетен и гробот на најмладиот Гемиџија,  Милан Арсов во селото Ораовец и споменикот на Гемиџиите во Скопје. Во рамките на оваа прослава  делегација на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, ја  сочинуваа Благој Ѓорчевски, Мартин Голчев и Кирил Харалампиев кои воедно и положија свежо цвеќе.

GEMIDZII veles

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.