Старешинството и Советот на водачи на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес – Македонија, изразува сочуство до семејството за загубата на нашиот брат извидник Мома Стојановиќ – Моцо. Воедно и последно извидничко ЗДРАВО за загубата на нашиот пријател Моцо изразуваме и до нашиот братски извиднички одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш – Србија. Нашиот брат извидник Моцо повеќепати беше присутен на активностите на извиднички одред “Димитар Влахов“ во Велес и Голозинци како што беа школи за водачи, смотри, средби на извидници, а последно негово учество беше учеството на Вардарската регата “Гемиџии“ 2015.