Во продолжение ви го пренесуваме писмото од Европската комисија.
Брисел, 28.1.2009 год.
ЕНВ.Е.3/ФД до Д(2009) 12723/13167
за Д-р Ненад Коциќ
ЕД “Вила Зора“
Велес
Македонија
Предмет: Загриженост поради можните негативни еколошки влијанија од отварањето на Топилницата во Велес
Ви благодарам за е-мејлот адресиран до комесарот Димас, со кој ја изразувате вашата загриженост поради можните еколошки негативни влијанија од страна на Топилницата која би се отворила во Велес. Како шеф на единицата одговорна за земјите членки при Генералниот директорат за екологија , г-дин Димас ме замоли да Ви одговорам во негово име. Би сакал да ве информирам дека по приемот на Вашиот е-маил, ние го покренавме вашето прашање при официјалниот состанок за екологија кој се одржа заедно со соодветни преставници од Вашата земја во Скопје на 22 јануари.
Во текот на овој состанок нас не уверија дека официјалната процедура за дозвола истовремено со вашата државна легислатива строго ќе се применува пред фабриката да започна со работа и дека сите заинтересирани страни ќе имаат можност да ги изразат своите мислења и загриженост во текот на оваа процедура. Комисијата строго ќе ја следи ситуацијата и ќе осигура дека вашите законски грижи во поглед на екологијата ќе бидат сериозно земени во предвид.
Искрено ваш
Клод Руам