Пловидба по повод 9ти Ноември – денот на ослободување на Велес

По повод 9ти Ноември, денот на ослободување на град Велес – 81 година слободен Велес, постарите членови на извиднички одред “Димитар Влахов“ и Варадрска регата “Гемиџии“ од Велес го реализираа првото есенско спуштање по Вардар во чест на празникот на градот. Оваа есенска пловидба се реализираше на 9.11.2025 год. (недела) на потегот на течение на река Вардар (регион на Зелениково) – Велес. Се надеваме дека оваа активност ќе биде постане и традиционална активност по повод ослободувањето на Велес. Сите учесници на ова есенско спуштање положија и свежо цвеќе на споменикот на Гемиџиите во Велес.

Оваа активност се искористи како дел за постарите извидници во еколошката и ицијатива која се нарекуваше Велешките извидници – речни номади чувари на природата имаа за цел да го промовира течението на реката Вардар и негова заштита. Со нашето пловење и нашето актуелизирање на еколошкитепроблеми порталот на ПРИЗМА ги идентификува велешките извидници за борци за здрав животна средина и заштита на реката Вардар. Велешките извидници ги идентификуваат и можните и потенцијалните загадувачи на реката Вардар на овој потег.

Оваа активност е во рамки на глобалната иницијатива Champions for Nature Challenge и проектот Green Skills Rising, Сојузот на извидници на Македонија каде се дава поддршка на млади извидници кои се подготвени да преземат локални еколошки иницијативи и да бидат двигатели на позитивна промена во своите заедници. Овој повик имаше за цел да ги охрабри младите да иницираат мали, но влијателни акции кои ќе придонесат кон заштита на природата, практикување на одржливи решенија и унапредување на своите зелени вештини.

Champions for Nature Challenge е глобална иницијатива развиена од Светската организација на извидничкото движење (WOSM) во партнерство со UNICEF. Оваа програма е дел од пошироката рамка Earth Tribe и има за цел да ги поттикне младите да станат активни учесници во заштитата на животната средина и одржливиот развој. Програмата се фокусира на две главни области: „Подобри избори“ (Better Choices), која се однесува на развој на одржливи навики и одговорна потрошувачка, и „Природа и биодиверзитет“ (Nature and Biodiversity), која се фокусира на заштита и зачувување на природните екосистеми.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.