Пишување проекти, управување со проектен циклус и мотивациони вештини, топографија, ориентација и прва помош

Во периодот од 6 до 8.10.2023 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ во село Голозинци во Општина Чашка, се организираше едукативен камп камп за пишување на проекти, управување со проектен циклус и мотивациони вештини и за топографија, ориентација и прва помош. На кампот се работеа следните активности и работилници како што се:

-идеи за решавање на проблеми и развивање во проектен циклус

-развивање на мотивациони вештини и мировно образование и разговори во различноста но сепак и секогаш сплотени и прифатени и евалуација на денот по групи

-работа во мали групи по области на Проектниот циклус и пишувањето на проекти

-топографија и ориентација во природа и прва помош

-работа во мали групи во областа на топографијата и оринтацијатацијата во природа и заедничка евалуација

-хајк во природа  (лековити билки, прва помош во природа  и исхрана во природа

-практична презентација на активностите во природа

-креирање на нацрт предлог проекти

-пишување на ПИСМО ДО САМИОТ СЕБЕ

Оваа извидничка активност, се реализира во рамките на проектот “LINK- UP! REGIONAL NETWORK, DEVELOPED BY YOUTH FOR YOUTH, UNITED IN REBUILDING BRIDGES AND GENERATING PARTNERSHIPS“ на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес , Република Северна Македонија, проект финанциран од ЕУ проектот: “Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност (МГО).

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.