Петти сениорски средби на извидниците од Западен Балкан

Sibenik1Во периодот од 17-19.2.2017 год. во Водице (Република Хрватска), во близина на Шибеник, во хотелот “Пунта“, се организираа петтите брѓански (сениорски) средби на извидниците од Западен Балкан. На овие средби учество земаа делегации од извидничките сојузи на Хрватска, Македонија, Србија, Црна гора и Босна Херцеговина но и делегации од Јужна Кореја и Франција. На оваа тридневна средба за учесниците се орагнизираа повеќе темаски панели на кој се разговарше за: создавање на заеднички тим за обука, извидничка лига и систем на заеднички проектни активности и размена на информации помеѓу националните сојузи. Како најдобри начини на продолжување на соработката е креирање на заедничк проекти. Во рамките на оваа петта средба на беше деговорено дека едно коло од извидничкиот куп на извидничко пријателство да се оргнизира во Велес во ИЦ “Голозинци“ и тоа во месец септември оваа година. Делегацијата на СИМ беше составена од 30 извидници од извидниките одреди “Димитар Влахов“ од Велес,“ Јадран “ од Скопје, “Пионер“ од Охрид и “Крсте Јон“ од Струга и преставници на Сојозот на извидници на Македонија.
Со овие петти сениорски средби заврши првиот круг на организација на средби,  така што Сојузот на извидници на Босна и Херцеговина во 2018 година, повторно е  домакин на овој тип на средби. Учесници на оваа средба од страна на извиднички одред “Димитар Влахов“- Велес беа Ангелче Гушев , Влатко Влахчев, Богдан Маневски, Жаклина Гушева, Горѓи Котев, Ангел Радевски, Тоше Петров и Јован Савов.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.