Петта седница на старешинство на СИМ

Старешинството на Сојузот на извидници на Македонија на 2.3.2008 год. (недела) во канцеларијата на сојузот ја одржа петата седница. На оваа седница се  разгледа и усвои наративниот и финансискиот извештај од последниот РИОН 2007 кој се одржа во Прилеп. Покрај ова беше закажано и редовно годишно Собрание на СИМ со утврден дневен ред. Истото ќе се одржи на 16.3.2008 год. (недела) во просториите на Универзитетска библиотека во Скопје со почеток во 11.00 часот. 

Старешинството го разгледа и и го прифати трилатералниот проект кои што треба да се реализира помеѓу  извидничките организациии на Германија, Франција и Македонија, а ќе се реализира во периодот 2008 – 2009 година. Него ке го координира волонтерот во канцеларијата на СИМ, Антоан Гонзалез.

 
По завршувањето на старешинството  се одржа и редовна средба на Советот на старешини на кој што учество земаа старешини од следните одреди: ИО “Димитар Влахов“ од Велес, ИО “Еригон“ од Прилеп, ИО “Наум Наумовски –Борче“ од Крива Паланка,  ИО “Гоце Делчев“ од Св. Николе, ИПО Јадран, ПСИО, ИПО “Сидро“ сите од Скопје.

 
На оваа средба присутните старешини беа запознати со следните активности: Биро на СИМ, Стратегија на СИМ, Собрание на СИМ, 10 Смотра на СИМ и идни и изминати активности и предложени активности од страна на одредите.
На оваа средба беше истакнато дека стратегијата е во мал застој, каде што повторно беше истакнато дека Бирото на СИМ имало и активности кои што ги реализирало, но сепак дека тоа не функционира  од причина што истото веке подолг период нема Комесар за обука и Комесар за програма и повторно се побара оставка од Началникот на Биро на СИМ, Христијан Мирчевски.
Од страна на Старешината на Смотрата старешините беа запознати со досегашните активности кои беа превземени за подготовка на смотрата и дека работите се движат во добра насока. Старешината на СИМ истакна дека е добиена поддршка од институциите на власта и дека и државните органи ке помогнат во реализацијата на Смотрата.    
Сите присутни старешини ги дадоа своите видувања за наредните активности на нивните одреди.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.