На 28.6.2023 год. (среда) во Велес се отвори Европската куќа која ќе ја користат младите на Велес, но можат и останатите граѓани коишто во просториите коишто се наоѓаат во центарот на градот, поточно на приземјето на популарно наречената “Синдикална зграда“. Со цел европските вредности да бидат поблиску до граѓаните на Велес просторот наменет е за едукација, за обука, за разговори, за дебати, за културни и други видови на настани коишто на младите и во исто време на сите граѓани ќе им овозможат можност за организирање или учество во нив, рече на денешното свечено отворање на Европска куќа во Велес, амбасадорот на Европска Унија Дејвид Гир.
На отварањето на Европската куќа старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“, м-р Ангелче Гушев оствари средба со амасадорот на Европска Унија Дејвит Гир кој во целост го запозна амасадарот на ЕУ со активностите на најстариот извиднички одред во Македонија и се она што има сторено одредот во изминатите седумдесет години.
Во отворањето на Европска куќа партнер на Европска Унија во Велес е општината. Градоначалникот Марко Колев се заблагодари за поддршката на ЕУ и во исто време соопшти дека како проект е многу значаен за градот како и дека се наоѓа на атрактивна локација, во центарот на Велес но и е најголема во моментов Европска куќа од вкупно пет досега отворени во државата.
Европска куќа во Велес располага со над 220 м2 покриен простор, во кој се сместени работен и простор за едукација, за обука, за дебата, за разговор и за реализирање на разни културни и други видови на настани. Исто така реновиран и преуреден е дворот на поранешното градско кино “11 Октомври“ што младите и граѓаните ќе можат да го користат како составен дел на европската куќа.
Проектот чини околу 300 илјади евра. Финансиските средства ги даде Европска Унија додека просторот општина Велес. Велешката Европска куќа е петта откако ЕУ вакви објекти отвори во Скопје, Крива Паланка, Струмица и Битола, наскоро вакви куќи ќе бидат отворени во Струга и Тетово.