Одржано редовно годишно собрание на одред

На 28.10.2023 год. (сабота) во извидничкиот центар “Голозинци“ се одржа редовното годишно собрание на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес. На годишното собрание беа разгледани и усвоени наративниот и финансискиот извештај за работата на одредот за периодот на 2022 година, со предходно изјаснување и давање на извештај на надзорниот одбор на одредот.

По разгледување на наративниот и финасискиот извештај за работа кој беа едногласно прифатени, беше донесена и одлука за формирање на тим кои што ќе работи на унапредување на програмата и зголемување на членството на одредот.

Старешината на извиднички одред “Димитар Влахов“, м-р Ангелче Гушев во рамките на ова годишно собрание  ги презентираше и тековните проекти и активности на одредот.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.