Во рамките на одбележувањата на 8-ми септември – Денот на независноста на Република Македонија денес делегации на Општина Велес, МВР-СВР Велес, Сојузот на борци на НОАВМ Велес, институции, политички партии и извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес, со положување на свежо цвеќе на Спомен-костурницата, им оддадоа почит на сите паднати борци за Македонија кои го остварија стремежот за слободна држава.Одредската делегација беше во состав: Благој Ѓорчевски, Иван Гушев и Давид Камчевски. На 8 септември 1991 година со убедливо мнозинство – 95% од граѓаните што излегоа на референдумот, Македонија се изјасни за самостојност и независност. 8-ми Септември ги обединува во себе сите борби на граѓаните на Република Македонија за самобитност, државност и независност. Во него се вткаени Карпошовото и Кресненското востание, борбите на Ножот, Солунските атентати, двата Илиндена. 25 години независна Македонија е патот на оваа генерација граѓани кои имаат завет да ја чуваат независноста, слободата и суверенитетот на Република Македонија.