Обука за собирање билки, лишаи, печурки и шумски плодови

bilki2Во организација на Општина Чашка, а во рамките на проектот за Експанзија на мали бизниси на 13.9.2015 год. (недела) во населба Чашка се организираше Обука на собирачи за одржливо собирање на лековити ароматични растенија, шумски плодови, лишаи според правилата на Вардарскиот регион. Проектот е финансиран од страна на УСАИД и Швајцарската агенција за развој и соработка, а со целосна вклученост на Македонски шуми. Обуката ја реализираше дипл. инж. агроном Иван Стојанов како експерт за гореспоменатата тема на обука. На оваа обука учество земаа 20 слушатели од општина Велес и Општина Чашка. На сите  учесници беше поделен и Прирачник за собирање на билки, лишаи, печурки и шумски плодови. Во овој прирачник во целост се преставени сите лековити ароматични растенија, шумски плодови, лишаи и постапките за одржливо собирање.
Како слушатели на оваа обука беа и двајца преставници на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес , Ангелче и Жаклина Гушеви, кои на сама обука договорија и посебна обука за сите полнолетни членови на одредот . Сите слушатели од обука се стекнаа со валиден сертификат поддржан од Македонски шуми со кои ке се добие и дозвола за собирање на други шумски производи.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.