На 15.9.2018 год. (сабота) во Велес се одбележа Светскиот ден на чистење. Локации на кој што се организираше акцијата беше игралиштето во Дворови, кај економското училиште „Јовче Тесличков“ и брегот на реката Вардар, близу Железен мост, и Домoт на НВО како и на локацијата од улица „11 Октомври“, кај малото пазарче до улицата „Индустриска“ кај БРАКО, основните и средни училишта и индивидуални локации каде што месното неселение самостојно се организираше.
Во акцијата за чистење се вклучија повеќе од две илјади велешани од кои 150 лица се вработени од Јавните претпријатија и локалната власт, извидничкиот одред “Димитар Влахов“ , остатокот ученици и просветен кадар .
Акцијата за чистење на Велес во целост ја поддржа извидничкиот одред “Димитар Влахов“ со своето членство кои што работеа пред зградата на НВО. Сакаме да нагласиме дека нај габаратниот отпад (покуќнина, кревети, душеци) од коритото на реката Вардар го извадија најмладите членови на одредот.
Акцијата во целост ја следеше и Градоначалникот на град Велес, г-дин Аце Коцевски кој што за акцијата изјави : Задоволен сум од одѕивот за учество во акцијата, иако недостигаа учесници од граѓански здруженија со еко предзнак. Недостигаа и граѓаните кои само гледаа од терасите.
Затоа треба да дадеме акцент на подигање на свеста. Но резултатите се поразителни гледаме колку смет од домаќинствата има фрлено заедно со градежен шут. Колку и да чисти ЈКП Дервен, ако ние граѓаните не постапуваме совесно, уште долго ќе имаме ваква слика.
Тој Најави дека ваквите акции ќе продолжат и во наредниот период. Во однос на реакциите на дел од јавноста, дека не се согласуваат да чистат, затоа што со пари од обврзниците ЈКП Дервен е надлежен тоа да го работи Коцевски рече: Граѓаните се делумно во право. ЈКП Дервен е надлежен да ја одржува хигиената во градот, но дел од граѓаните фрлаат насекаде отпад.
Граѓаните треба да сфатат отпадот да го фрлаат на определените места а не` од терасите и каде ќе стигнат. Според информациите од Билјана Шуркова Манаскова, советник инспектор за животна средина, само за 3 часа денес бил собрани 93м3 отпад кој со помош на ЈКП „Дервен“ е транспортиран на соодветна депонија.