Испитувањето на јавното мислење за климатските промени беше една од активностите на кампањата за подигање на јавната свест во врска со климатските промени “Нашата клима се менува – мора да се промениме и ние“, која финансиски беше поддржана од Британската амбасада во Скопје, а беше спроведена од страна на “ФРОНТ 21/42“, а во соработка со Британскиот совет во Скопје. Анкетата е спроведена во периодот ноември 2007 до мај 2008.
Во рамките на испитувањето беа анкетирани општините: Кочани, Куманово, Штип, Велес, Ресен и Охрид. Потоа средношколци од општините: Кочани, Куманово, Штип, Велес и Ресен и професори од основно и средно образование од истите градови. Целта на оваа анкета е да се добијат релевантни податоци за нивото на информираност, ставови и мислења на наведените целни групи во врска со климатските промени. Според резултатите од оваа анкета сакаме да ви прикажеме каде се наоѓа извидничкиот одред “Димитар Влахов од Велес и како е тој препознатлив како организација за работа во полето на екологија во Република Македонија.