Награда на ЕРСТЕ Фонадацијата

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес со активностите од проектот “Младинско самовработување“ аплицираше за наградата од ЕРСТЕ Фондацијата .

Наградата од ЕРСТЕ Фондацијата за Социјална интеграција е дизајнирана за да ги препознава и промовира организациите во јавниот и непрофитабилниот сектор кој ги ангажира способностите, капацитетите и иницијативите на луѓето за социјално-ориентирана практика и прогресивна промена во општеството. Наградата е составен дел од програмата на ЕРСТЕ фондацијата за социјални работи која нагласува посветеност кон човечката и културната различност, комплетниот човечки развој, социјална и економска правда, и индивидуално и групно самоопределување.

Наградата од ЕРСТЕ Фондацијата за Социјална интеграција (овде наведена како награда) додава вредност на социјалната практика со истакнување иновативни проекти во Централните и Југо-источните Европски Земји. Наградата им го дава соодветното признание за улогата на поединци или групи во тој регион за создавањето општества со еднакви можности за секого. Социјалната интеграција се применува овде со значење на политика и програма на негување стабилни, безбедни и праведни општества вклучувајќи ги ранливите и групите во неповолна состојба како и луѓето со посебни потреби.

Наградата ќе се дава годишно на проектите за иновативно и креативно социјално интегрирање кои имале значително влијание и направиле разлика кај целните корисници. Финансиската компонента на наградата е наменета за идни добитници во нивната социјална пракса.

Покрај финансиското доделување, наградата ќе обезбеди широка изложеност за да можат добитните проекти да добијат поголема видливост. Ќе создаде можност за добитниците да имаат поголем пристап до мрежата на можни партнери и поддржувачи како и до базите податоци на ЕРСТЕ Фондацијата. Наградата исто така ќе ги поддржува и добитниците на наградата со промотивно видео кое ќе се покажува на локалните и меѓународните канали. Добитниците на наградата ќе учевствуваат на меѓународната конференција која што ќе се организира поради наградната церемонија која ќе се однесува на најитните социјални прашања на регионот.

Цели на наградата на ЕРСТЕ Фондацијата за социјална интеграција
•    Да се негува создавањето и раководењето на социјално ориентирани проекти особено во земјите во кои тешко имало иницијативи на поединци за социјална одговорност во последните неколку декади.
•    Да се промовираат мали и средни организации кои ги поддржуваат иновативните проекти за социјално интегрирање.
•    Да се покрене свесноста за критичните социјални прашања кои ќе охрабрат вклучување поширок социјален спектар
•    Да се охрабри соработката меѓу географските и културните граници со градење мрежа на социјални иноватори и иновативни проекти во Централните и Југо-источните Европски Земји
•    Да се почитуваат иновативните проекти кои ги третираат социјалните проблеми на ефективен начин.
•    Да промовираат размена на податоци, информации и знаење.

ПОСЕБНИ БЕНИФИЦИИ

Парична награда:
Наградата на ЕРСТЕ Фондацијата за Социјално интегрирање за 2009 година нуди тотална парична награда од 295,000 Евра ( 393. 333 Евра ( вклучувајќи КЕСт))

Добитник на прва награда: 40,000 Евра
Добитник на втора награда: 30,000 Евра
Добитник на трета награда: 20,000 Евра
Добитник на 4то до 10 то место: 15,000 Евра секој
Пофалба со награда за 10 други организации (11то до 20то место):10 000 евра секој

Проектот ќе ги покрие трошоците за патување и сместување за секој еден претставник од 60 организации финалисти како и претставници од 30 добитни проекти кои ќе бидат поканети на доделувањето на наградите.

Посебна награда од жирито:
Жирито од ЕРСТЕ Фондацијата за социјална интеграција ќе награди еден поединец или организација за посебните напори што ги направиле во областа на социјалната интеграција. Оваа награда ќе се прилагоди во зависност од областа на работа во која наградената организацијата е активна. Содржината на наградата, како и нејзиното имплементирање ќе се одлучи од страна на жирито на состанок во Февруари.

Награда за практиканти:
20 добитни организации помеѓу себе ќе изберат добитник на награда за практиканти. Секоја организација може да гласа за 5 проекти во нивната категорија. Проектот кој што ќе добие најмногу поени ќе биде добитник на наградата. За содржината на наградата ќе се одлучи подоцна

Учевство на конференцијата:
Конференцијата ќе се организира за доделувањето на наградата вклучувајќи претставници од организациите финалисти за 2009 година како и 10 добитници на награди од 2008 година.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.