Целта на проект “Мудро трошете ја енергијата“ има за цел подигнање на јавната свест кај младте за заштита на животната средина односно едукација на младата популација и граѓаните на Општина Велес и Општина Чашка за штедење и правилно користење на енергијата. Проектните активности кои се реализираа со младите имаат насока на еколошка енергетска едукација на младите на возраст од 10 до 16 години за мудро трошење на енергијата и медумско образование на населението за правилно искористување на нергијата. Во проектните активности се организира медиумска кампања за заштеда на енргијата како ресурс кој е доста потребен за човештвото.
Во рамките на овој проект се реализирааше еколошки камп “Мудро трошете ја енергијата“ и советување со работилници со деца и млади на возраст до 16 години и тоа во рамките на еко логор (камп) во времетраење од три дена каде што младите работеа во природа, а воедно се креираа и технички се подготвија за издавање на боенка “Деца, мудро трошете ја енергијата” и едукативна брошура “Приказни за енергијата” каде што се зборува за корисно искористување на енергијата (сончева, топлинска, водена и сл.). Кампот се реализираше во периодот од 21 до 23 август 2020 год. во извидничкиот центар “Голозинци“.
Учесниците беа поделени во патроли (работни групи) предводени од лидер кој ги даваше задолженијата при креирањето на споменатите брошури. Во работните денови на кампот беа подготвени и двете брошури: боенката “Деца мудро трошете ја енергијата“ и брошурата “Приказни за енергијата“. Во рамките на овa да ја преставиме и анкетата која што се реализираше во програмските активности. Беа примарно анкетирани млади од општините Велес и Чашка и беа добиени следните резултати:
Анализа на анкетен прашалник
Направено е примарно анкетирање на 150 лица и добиени се следните резултати:
Според првото прашање од Анкетниот прашалник “Се залагаш ли да твоите другари се грижат за заштедата на енергијата“:се изјасниле редовно 80 лица, многу често 35, ретко 22, а никогаш 13 анкетирани лица. На прашањето дали си учествувал во некоја еколошка секција во твоето училиште одговориле: редовно – 65, многу често – 47, ретко – 36, а никогаш – 2. Дали се залагаш за едуцирање на твоите другари за еколошки прашање добиен е следниот одговор: редовно 45, многу често 65, ретко 25 и никогаш 15. “Возиш ли велосишпед или пешачиш до училиште наместо да користиш превозно средство кое троши нергенси?“ вака одговориле: редовно – 87, многу често – 25, ретко 24, а никогаш 14 лица. На прашањето Ги исклучуваш ли светилките во твојот дом кога излегуваш надвор? добиени се следниве одговори: редовно 95, многу често 23, ретко 18, никогаш 14 анкетари. На прашањето Се залагаш ли за тоа да твоите родители купат електирчни уреди кои штедат енергија, добиени се следниве одговори: редовно 75, многу често 66, ретко 25 и никогаш 16.
Дали учествуваш во еколошки акции кои се поврзани со заштеда на енергијата одговориле: редовно 35, многу често 87, ретко 36, а никога 8 лица. Во рамките на овој анкетен прашалник како додаток е изготвен и анкетен прашалник од забавен карактер и исто така беа анкетирани истите 150 лица и се добија следите резулатати:
На прашањето За кои од следните предмети обично не се потребни батерии, ги добивме следните одговори: батериска ламба 8, калкулатор на соларна енергија 123 и електричен нож за сечење на овошје 19. Кога е пронајдена првата светилка? се одговорило : незнам 92, минатата година – 0, и пред повеќе од 120 години 58.
Од каде доаѓа топлата вода во твојот дом? добиени се следиве одговори: од облаците 5, од топлификација 88 и од бојлерот 57.
На прашањето Што мислиш кој најмногу го загадува воздухот: од камионите одговориле 79, од автомобилите 71 и 0 од падобраните и параглајдерите. На кој начин најмногу бега топлината од твојот дом, добиени се следниве одговори: преку телефон 0, преку прозорецот 150 и преку телевизорот 0. Кој троши најмногу електрична енергија, вака е одговорено: радиото 78, фрижидерот 48 и пеглата 24
На прашањето Кој е најбрзиот начин да зоврие водата во лоецот? одговорено е : 150 да го поклопиме лонецот, и по 0 за останатите два одговора а тоа се да го треснеме лонецот и да го налутиме лонецот.
Колку тетрапак пакувања од млеко можеш да наполниш со вода од туш за 5 минути е одговорено е: за 5пати 92, 15 пати 45 и 13 лица одговориле за 50пати.
На прашањето Ако не дозволиш водата непотребно да истекува, можеш да заштедиш 75 000литри вода. Тоа е доволно вода за да се наполни….добиени се следните одговори: канта за ѓубре 65, голем камион 23 и базен за пливање 62. Од добиените резултати може да се заклучи дека совеста кај децата за мудро штедење на енергијата е на задоволително ниво
Проектот е финансиран од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање.