На 8.9.2022 год. (четврток) на денот кога извидничкиот одред “Димитар Влахов“ слави 70 години од формирањето на одредот, во село Голозинци во истоименот извиднички центар се снимаше дел од серијалот на емисијата од шестата сезона на “ Мое село со Томче“ на Сител ТВ , каде што главен организитор на емисијата беа членовите на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ – Велес.
Како дел од емисијата учество зема и Ангелче Гушев како старешина на одредот, каде што во целост беше презентиран развојот на извидништвото во Велес и Македонија и активноста на извидничкиот одред “Димитар Влахов“.
Покрај старешината на одредот во рамките на репортажата учество зема и Жаклина Гушева која што во целост ја престави и кујната на извидничкиот центар “Голозинци“ каде што беа презентирани подготовката на пастрмката, зелникот, подготовката на голозинскиот ориз и градинарските производи од регионот, доматите, црните патлиџани и сирењето.
Во рамките на емисијата беа презентирани и активностите на XXXVI Средби на извидници кои ќе се одржат во периодот од 9-11.9.2022 год.