Младинскиот клуб при Фондацијата “Фокус” во рамките на проектот „Младите за отворено општество – Локална младинска иницијатива“, кој се реализира во партнерство со Младинскиот образовен форум (МОФ), финансиски поддржан од ФИООМ, организираше јавна дебата на тема: „Модерните трендови пресудни за односот на младите кон животната средина и урбаната опрема “Јавната дебата се организираше со цел да се подигне свеста кај младите за зачувување на животната средина и урбаната опрема.
Дебатата се одржа на ден 18.02.2009 год (среда), во Големата сала на Општина Велес. На дебата покрај учесниците од Младинскиот клуб, зборуваше и членот на извиднички одред “Димитар Влахов од Велес, Ангелче Гушев, кои што се осврна на младинското ангажирање, волонтеризмот и работата на младинските НВОи. Од нашиот одред на дебата земаа учество и шест извидници.