Извидничкиот одред “Димитар Влахов” од Велес на својата редовна седница на старешинството, одржана на ден 11.3.2009 год. (среда) донесе ОДЛУКА за организирање на петдневно логорување или т.н. МИНИ СМОТРА која што ќе одржи во периодот од 4 до 8 септември 2009 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоменото село и тоа по повод Денот на државноста 8 Септември.
Во рамките на програмскиот дел на оваа МИНИ СМОТРА ќе се организираат 24 Средби на извидници Велес – Голозинци 2009 и семинар за обука на старешини и началници. Семинарот за обука на старешини и началници ќе се организира во рамките на превземените обврски од "Tailored support" програмата која што ја реализира Европскиот скаутски регион и СИМ. Активностите за оваа програма беа договорени на последната средба со преставниците на Европскиот регион, во Велес на 31.1.2009 год. На овој семинар се предвидува учество на предавачи надвор од Република Македонија.
Глобалната програмата на оваа МИНИ СМОТРА е следна:
а) 4 – 6.9.2009 год. ( петок – недела)…………………………………….. 24 Средби на извидници
б) 6 – 8.9.2009 год. (недела – вторник)……….. Семинар за обука на старешини и началници
За сите информации околу двете гореспоменати програмски активности во наредниот период.