На 21.11.2015 (сабота) триесетина членови од ИПО “Галеб“ од Скопје беа во посета на Велес. Патуваат со воз, кој за првпат, кој не, поминааа супер искуство. Заедно со членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес и нашите водачи посетија повеќе знаменитости од Велес, како што е: соборниот храм “Св.Пантелејмон“ и неговата прекрасна местоположба, доста стариот и мошне интересен манастир “Св. Димитрија“, посета на Младинскиот парк каде се реализираа повеќе игри за запознавање и тимска игра, а убавото време во младинскиот парк во Велес, се искористи за повторување на вештините од прва помош во природа и теоретски и практично.