Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ реализирајќи го проектот “Една идеја, еден сон – една цел“ го создаде Локалниот Акционен План за млади за Општина Чашка. Локалната младинска стратегија на Општина Чашка е за период 2019 до 2021 година и истата опфаќа: младинско информирање, младинско учествож, локална младинска работа – вработување и образование (формално и неформаплно), квалитет на живот. Локалниот акционен план за млади е со време на спроведување за предложените мерки е за период од 2019 – 2021 година. ЛАП от овозможува делување на сите младински органзиации и здруженија на граѓани кои делуваат на територија на Општина Чашка преку форми на соработка и партнерство со сите локални, регионални и национални, домашни и странски иснтитуции. Предложените мерки и акции имаат можност да се реализираат со финансиски средства и поддршка од локалната самоуправа, здруженија на граѓани,јавни и образовни инстотуции, домашни и странски донатори, фондации и институции од локално , регионално и национално значење. Преку целите, акциите и задачите ќе се подобри и овозможи подобар квалитет на живот на младите и формите на младинско здружување и вмрежување.
Проектот е поддржан преку проектот “Правна помош и поддршка за зајкнување на капацитетите за застапување и одржливост на локални и граѓански организации“, финансиран од страна на Европската Унија.