Да знаеш да љубиш, значи и да постоиш, зошто љубовта е смисла на нашето постоење. А оваа заедница е изградена токму на тој најсигурен темел – ЉУБОВТА. И како што рече Бог, ако бракот е заедница за вечноста, тогаш овој ден е почеток на таа вечност…, а тој ден беше 21 март кога што нашиот драг извидник Влатко Влахчев, долгогодишен извидник во нашиот одред, стапи во брак со неговата доживотна сопатничка Марина која што исто така е долгогодишен извидник. Ние сите членови на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ од Велес, им посакуваме да се вечни и да се благословени и да следува многу голема рожба.