Креативено-едукативен камп за едукација на младите за нивното вклучување во донесување на одлуки и донесување на ЛАП

Извидничкиот одред “Димитар Влахов“ Велес во перидот од 21 до 23.8.2020 год. во извидничкиот центар “Голозинци“ во истоименото место во Општина Чашка, го реализираше вториот креативни камп за едукација на младите за нивно вклучување во донесување на одлуки едукативен камп во рамките на проектот “Младите носители на промените “. На овој камп педесете учесници млади од Општините Велес и Општина Чашка и иницијативата на млади за формирање на извидничка дружина во Чашка, во три дена групно поделени (по 20 учесници на ден) работеа на активности за работа со млади и за млади и донесување на финална верзија на Локалниот Акционен План за млади за Општина Чашка за периодот 2020 – 2022.

Покрај ова сите учесници за време на кампот работеа и активности за совладување на работни извиднички материјали со што дополнително ќе зголемуваат младинските активности при нивното планирање и реалзирање. При реализирањето на актвностите во целост се почитуваше и Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари и тоа: времетраењето беше до 6 часа активна работа , со задолжителна пауза на секои 2 часа. Пред почеток на секоја сесија задолжително се известуваат сите учесници дека доколку имаат температура, кашлица или отежнато дишење. Бројот на учесници беше ограничен согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5-2м, но не повеќе од 30 лица. Сите организатори, предавачи и учесници задолжително носеа заштитни маски. Беше обезбедено средство за дезинфекција. Активностите се реализираа на отворено. За време на паузите немаше групирање на присутните.

Предходно беа реализирани активности на проектот како што се посета и организирани средби по месните заедници како и избор на локални координатори со кои ќе се комуницира и соработува при креирање и реализирање на младински активности, а воедно е спроведена анкета преку анкетен прашалник за потребите на младите и нивната улога во Општина Чашка.


Долгогодишното функционирање на извидничкиот одред “Димитар Влахов“ на територија на Општина Чашка преку извидничкиот центар во Голозици придонесува со користење на овие методологии за самоорганизирање на младински активности и зголемено учество на младите во процесот на носење на одлуки како и зајакната соработка меѓу локалните власти и граѓанските организации.

“Младите носители на промените” е проект спроведуван од извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес . Овој проект е добиен во рамки на „Граѓанскиот ресурсен центар “ финансиран од Европската Унија а спроведуван од Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), Асоцијацијата за демократски иницијативи (АДИ) од Гостивар и Медиа Плус од Штип.“

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.