Конститутивна седница на Локалното собрание на млади на Општина Велес

Општина Велес е во завршната фаза на формирање на Локалниот младински совет согласно Законот за младинско учество и младински политики.
На 2.12.2022 год. (петок) се одржа конститутивна седница на Локалното собрание на млади на Општина Велес беше донесена Одлука за објавување на Јавен повик за избор на членови на Локаниот младински совет на Општина Велес.

На седницата на Локалното собрание на млади од извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес учество земаа Иван Гушев и Тино Ангелов.

Локален младински совет (ЛМС) на Општина Велес претставува тело на локалната самоуправа кое го сочинуваат млади претставници на различните форми на организирање и здружување во Општина Велес, кое има советодавна и застапувачка улога за прашањата од младински интерес кон локалната самоуправа. Во ЛМС може да членуваат претставници на младински организации, организации за млади, политички подмладоци, ученички и студентски организации и други форми на младинско здружување со свои претставници.
ЛМС на Општина Велес брои седум (7) членови

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.