Конституиран Советот на млади во Велес

bazo1Во просториите на Општина Велес денес на 13.7.2015 год. (понеделник),  беше одржана конститутивна седница на Советот на млади, кој ќе се вклучи во процесите на управување со локалната самоуправа. За негов претседател  беше избран Филип Спирковски член на Ансамблот „Керамичар”, додека за заменик Кире Јосифовски.  На настанот присуствуваше и градоначалникот Славчо Чадиев, кој најави поддршка за сите креативни  предлози кои ќе доаѓаат од новоконституираниот Младински совет на Велес. На стартот од работата новиот претседател Спирковски рече дека ова тело ќе има задача да изготви годишна програма за работа, во која ќе бидат вклучени интересите и приоритетите  на младите за подобрување на нивниот статус во повеќе полиња на општествениот живот.  Од негова страна беше истакнато и дека дадената доверба ќе биде изврешан чесно
и одговорно во соработка со сите членови на Советот.Во составот на Советот на млади е и Благој Ѓорчевски член на извиднички одред “Димитар Влахов“- Велес

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.