Конечно комплетирани органите на СИМ

Сојузот на извидници на Македонија во две продолженија на изборното Собрание ги комплетираше своите раководни тела. Најпрво на 6 декември 2009 год. беше избран новиот старешина на СИМ, а тоа е г-нот Златко Митков и надзорниот одбор на СИМ во состав Горан Арсов од ИПО Јадран од Скопје, Ѓоко Гучески, ИПО Крсте Јон од Струга и Стеван Поповски од  ИО Браќа Миладиновци Скопје кои воедно е и претседател на одборот.
Поради статутарни пречки на дел од кандидатите предложени за членови на Старешинството на СИМ, изборото беше одложен.

Изборот на Старешинството на СИМ се случи на 30.1.2010 год.  и тоа ке работи во следниот состав:  Ненад Андреевски – ИО Димитар Влахов од Велес, Петар Атанасовски – ИО  Илинден од Скопје, Феријанчо Гоговски – ИПО Крсте Јон од Струга, Живко Денсковски  – ИО Скаут од Куманово, Јане Илијески,  –   ИПО Галеб од Скопје, Борче Лазарески – ИПО Бран од Охрид, Бобан Москов – ИО Браќа Миладиновци од Скопје, Јане Спасиќ – ИО Методи Митевски Брицо од Скопје, Огнен Стефановски -ИПО Јадран  од Скопје и Зоран Шиљковски од Прв скопски извиднички одред.

Старешинствот на СИМ веке за 20 февруари закажа седница на која што ке има избор на членови во Биро на СИМ и Управен одбор на ИЦО Охрид.

Напишете коментар

Вашата е-маил адреса нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени *

*

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.