Во периодот од 01-03.12.2023 год., во извиднички центар “Голозинци“ се реализираче на Камп за развивање и спроведување на интеркултурни размени. На кампот се разгледуваа и представуваа глобалните принципи на интеркултурните размени (почитување на културниот идентитет, стекнување знаења и формирање ставови и вештини кои се неопходни за активно учество во општествениот живот, Стекнување знаења и формирање ставови и вештини кои овозможуваат развивање почит, разбирање и солидарност меѓу поединците, меѓу етничките, социјалните, културните и религиските групи, како и меѓу нациите). На камот се реализираше и Хајк во природа со посета на верски објекти како интеркултурни настани џамија и црква – муслиманско село (Мелница) и православно село (Еловец). На кампот учество земаа и извидници од нашиот братски и партнерски одред “Мија Станимировиќ“ од Ниш.
Оваа извидничка активност, се реализира во рамките на проектот “LINK- UP! REGIONAL NETWORK, DEVELOPED BY YOUTH FOR YOUTH, UNITED IN REBUILDING BRIDGES AND GENERATING PARTNERSHIPS“ на извиднички одред “Димитар Влахов“ од Велес , Република Северна Македонија, проект финанциран од ЕУ проектот: “Техничка поддршка за подобрување на овозможувачката средина за граѓанските организации во Република Северна Македонија“ во рамките на Механизмот за граѓанска отпорност (МГО).