На 1.12.2023 год. учениците од 1-8 паралелката и членови на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес земаа учество на активноста во природа и иницијатива во организација на “Walk&Talk” која се спроведува од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници на Македонија и извиднички одред “Димитар Влахов“ – Велес, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика. Оваа активност се организираше на терените на реката Бабуна на потегот кој месноста Пешти.
На оваа активност членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес и учениците од ССОУ “Коле Неделковски“ – Велес, а под водство на извидниците од Македонија бевме дел од забавни активности кои ги поттикнуваат младите да зборуваат за нивните предизвици. Примарната цел на оваа иницијативата – е подигање на свеста за добросостојбата на младите, преку #WalkandTalk да младите се вмержуваат и остваруваат нови пријателства.
Во рамките на активностите се разговараше дека лошото расположение можеме да го подобриме преку поминато време со нови и позитивни луѓе. Учениците посочија дека секојдневно треба да ги правиме работите кои ни предизвикуваат среќа. Токму тоа е и целта на иницијативата #WalkandTalk да промовираме активности кои позитивно влијаат на менталното здравје кај младите.
Предлози на учениците за подобрување на расположението беа:
-Нашиот тажен другар/ка ќе го прашаме како си?
-Заедно ќе се вклучуваме во активности?
-Ќе го ислушаме нашиот близок што има да каже.
Членовите на извиднички одред “Димитар Влахов“ Велес и учениците од 1-8 паралеката покрај едукативниот дел имаа и забавен-спортско рекреативна активност и тоа стрелање со лак и стрела и на крајот од нашата прошетка виртуелно посадија дрвца, виртуелната платформа Боренка.
За оваа активност за територијата на Велес беше одговорен м-р Ангелче Гушев кој воедно е и професор по спорт и спопртски активности во ССОУ “Коле Неделковски“ и Иван Гушев како началник на велешкиот одред.