Во свет кој брзо се развива со вештачка интелигенција, нова динамика на информации, предизвици со климатските промени, социјална и политичка поларизација и трајното влијание на глобалната пандемија, од клучно значење е да ги подготвиме нашите млади луѓе за она што ни претстои.
Од 11 до 15 октомври 2023 година, Скопје, Сојуз на извидници на Македонија
беше домаќин на 10-от Европски форум за образовни методи кој обединува разновидна група од 84 извидници од 23 различни земји.
Преку размената на знаење, инспиративни дискусии, вмрежување и поддршка, се имаше за цел да се поттикне европските НВО во обликувања на образовните политики, стратегии, проекти и иницијативи. Овој е имплементиран како дел од проектот Earth Tribe со поддршка на Еразмус+.
Како волонтер на овој симпозиум беше началникот на извиднички одред “Димитар Влахов“ , Иван Гушев.